Design a site like this with WordPress.com
Get started
Сослужување со Бугарската Православна Црква во Пловдиската Митрополија

На 02.02.2023 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, на покана од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Пловдивски г. Николај, сослужуваше на Светата Архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Пловдиски г. Николај и повеќе Архиереи на БПЦ и свештенослужители на МПЦ-ОА и БПЦ, во Соборниот храм “Св Марина” во Пловдив – БПЦ, а по повод празникот Сретение Господово (по нов стил). Со ова заедничко и братско сослужување ја исполнуваме Господовата заповед која вели: “љубете се и сакајте се и по тоа ќе ве познаат дека сте мои ученици…”

Види слики

Храмова слава на храмот Свети Атанасиј во с. Оризари – Кочани

На 31.01.2023 година, кога Светата Православна Црква го празнува споменот на св. Атанасиј Велики и св. Кирил Александриски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во храмот “Св. Атанасиј Велики” во с. Оризари – Кочани. На крајот од Литургијата, Митрополитот г. Иларион одржа содржајна беседа и го причести верниот народ со Телото и Крвта Христова. По завршувањето на Светата Литургија, се изврши литија околу храмот со иконата на св. Атанасиј Велики, а потоа Митрополитот изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб.

Види слики

Осветување на новоизградената клиника на д-р Органџиски во Штиш

На 29.01.2023 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион сослужуваше на чинот осветување на новоизградената клиника на д-р Органџиски во Штип, а чинот го изврши Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Нека е честито и од Бога благословено!

Види слики

Торжествено прославен празникот на Преподобниот Гаврил Лесновски во Лесновската Света Обител

На 28.01.2023 година, кога Светата Православна Црква прави спомен на Преподобниот Гаврил Лесновски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на Преосвештениот Епископ Врањски г. Пахомиј, Архиереј на СПЦ, Високопреосветениот Митрополит Кумановско – осоговски г. Григориј, Високопреподобниот Архимандрит на манастирот Св. Прохор Пчињски, отец Методиј, протосингелите отец Данило и отец Фотиј од СПЦ, протосингелот отец Исак и свештенослужители од Кумановско – осоговската и Брегалничката епархија, отслужија Света Архиерејска Литургија во Лесновската Света Обител. На крајот од Литургијата содржајни беседи произнесоа Митрополитот г. Иларион и Епископот г. Пахомиј, а по завршувањето на Литургијата, беше благословен и пресечен празничниот леб. За радоста да биде уште поголема, Преосвештениот Епископ Врањски г. Пахомиј донесе свети мошти од светите сурдулички маченици и ги подари на Лесновскиот манастир.

Види слики

Празнична вечера во Лесновскиот манастир

На 27.01.2023 година, во навечерието на празникот на преподобниот Гаврил Лесновски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на протосингелите отец Данило и отец Фотиј од СПЦ, протосингелот отец Исак и свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Празнична Вечерна Богослужба во Лесновскиот Манастир. На крајот од Вечерната Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече петолебието и одржа содржајна беседа.

Види слики

Прославен празникот собор на Свети Јован Крстител во н. Сењак – Штип

На 20.01.2023 година, кога се прославува празникот Собор на Свети Јован Крстител, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во храмот “Св. Климент Охридски и Св. Петка” во нас. Сењак – Штип. На крајот од Литургијата, Митрополитот г. Иларион одржа содржајна беседа, а верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова.

Бог се јави – Навистина се јави!

Види слики

Богојавление – Водици во Кочани

На 19.01.2023 година, кога се прославува големиот христијански празник Богојавление – Водици, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион го изврши чинот спуштање на Светиот Крст во водите на Кочанска река од Крушарскиот мост во присуство на многуброен верен народ. Најсреќен од многубројните момчиња кои влегоа во студените води да го извадат Светиот Крст беше момчето Андреј Митев од Кочани.

Бог се јави – Навистина се јави!

Види слики

Богојавление – Водици во Штип

На 19.01.2023 година, кога се прославува големиот христијански празник Богојавление – Водици, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во Епархискиот Соборен храм “Св. Николај” во Штип. На крајот од Литургијата, Митрополитот г. Иларион го причести верниот народ со Телото и Крвта Христова, а по благослов од Митрополитот, архиерејскиот намесник протоереј-ставрофор Николче Ѓорѓев одржа содржајна беседа. По завршувањето на Литургијата беше формирана литија до мостот кај детската градинка Астибо, каде Митрополитот г. Иларион изврши голем Богојавленски водосвет и го спушти Светиот Крст во водите на реката Брегалница. Најсреќен од многубројните момчиња кои влегоа во студените води да го извадат Светиот Крст беше момчето Никола Трајчев од Штип.

Бог се јави – Навистина се јави!

Види слики

Прославен празникот на обрезание на Господ Исус Христос и Свети Василиј Велики на Пониква

На 14.01.2023 година, кога Светата Православна Црква прави спомен на Обрезанието на Господ Исус Христос и на светиот Василиј Велики, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Василиева Литургија, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во манастирот ” Св. Василиј Велики” на Пониква – Осоговските Планини. На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион ја прочита молитвата за благословување на новото 2023 лето Господово. По Литургијата Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб. Кумството за новото 2023 лето Господово го презедоа новите кумови г. Влатко Крстовски и г. Димче Марков. Честито и благословено новото 2023 лето Господово!

Види слики

Прославен празникот на перподобен Серафим во манастирот Св. вмч Пантелејмон

На 15.01.2023 година, Недела 31 по Педесетница (пред Богојавление), преп. Серафим Саровски, св. Силвестер, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во параклисот посветен на “Светите Серафим Саровски и Нектариј Егински” при манастирот “Св. Вмч. Пантелејмон” во с. Пантелеј – Кочанско. На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион одржа содржајна беседа и го благослови и пресече празничниот леб.

Види слики

Прослава на споменот на Светиот Гаврил Епископ Велички – Светогорец во Лесновскиот манастир

На 12.01.2023 година, кога Светата Православна Црква и Лесновскиот Манастир го празнуваат споменот на Светиот Гаврил Епископ Велички – Светогорец, во Лесновската Света Обител беше отслужена Света Архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитот Волоколамски г. Антониј, викар на Неговата Светост Рускиот Патријарх г.г. Кирил, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион и свештенослужители од Руската, Романската и Македонската Православна Црква. На крајот од Литургијата Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан одржа пригодна и содржајна беседа, а многубројниот верен народ се причести со Телото и Крвта Христова. НА МНОГАЈА ЛЕТА!!!

Види слики

Празнична вечерна во Лесновскиот манастир

На 11.01.2023 година, во навечерието на празникот на Светиот Гаврил Епископ Велички, Светогорец, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, отслужи Празнична Вечерна Богослужба во манастирот “Св. Гаврил Лесновски ” во Лесново. На Вечерната Богослужба, Митрополитот г. Иларион, го благослови и пресече петолебието.

Види слики

На Свети првомаченик и Архиѓракон Стефан во Истибања – Виница

На 09.01.2023 година, кога Светата Православна Црква го празнува споменот на Светиот Првомаченик и Архиѓакон Стефан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот “Св. Првомаченик и Архиѓакон Стефан ” во с. Истибања – Виница. На крајот од Литургијата верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова, беше прочитано Божикното послание од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб и го поздрави многубројниот верен народ со поздравот ХРИСТОС СЕ РОДИ! НАВИСТИНА СЕ РОДИ!

Види слики

Недела по рождество на Св.Богоотцим собор на Пресвета Богородица во Кочани

На 08.01.2023 година, Недела по Рождество на Св. Богоотци и собор на Пресвета Богородица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот “Св. Вмч. Георгиј” во Кочани. На крајот од Литургијата верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова, беше прочитано Божикното послание од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а Митрополитот г. Иларион го поздрави многубројниот верен народ со поздравот ХРИСТОС СЕ РОДИ! НАВИСТИНА СЕ РОДИ!

Види слики

Прославување на празникот Рождество Христово – Божик во Лесновскиот манастир

Види слики

Рождество Христово – Божик во соборниот Храм во Штип

На 07.01.2023 година, кога Светата Православната Црква го празнува Рождеството Христово – Божик, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија во Соборниот храм “Св. Николај” во Штип. На крајот од Литургијата верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова, беше прочитано Божикното послание од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а Митрополитот г. Иларион го поздрави многубројниот верен народ со поздравот ХРИСТОС СЕ РОДИ! НАВИСТИНА СЕ РОДИ!

Види слики

Царски часови и вечерна со Света Василиева Литургија во Лесновскиот манастир

На 06.01.2023 година, преп. мч-чка Евгенија; преп. Николај Монах, БАДНИК, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, отслужи Царски часови и Вечерна со Света Архиерејска Василиева Литургија во параклисот посветен на “Свети Јован Богослов” при Лесновскиот Манастир. На крајот од Литургијата, Митрополитот г. Иларион одржа содржајна беседа.

Види слики

На преподобен Наум Охридски во Лесново

На 05.01.2023 година, кога Светата Православна Црква го празнува споменот на преп. Наум Охридски, преп. Нифонт Чудотворец, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, отслужи Света Архиерејска Литургија во параклисот посветен на “Св. Наум Охридски” при Лесновскиот Манастир. На крајот од Литургијата Митрополитот г. Иларион одржа содржајна беседа и го благослови и пресече празничниот леб.

Види слики

Прослава на Свети Игнатиј Богоносец во Врање – Р.Србија

На 02.01.2023 година, претпр. на Рождество, св. Игнатиј Богоносец, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, на покана од Епископот Врањечки г. Пахомиј, сослужуваше на Светата Архиерејска Литургија отслужена во Соборниот храм “Св. Троица” во Врање – Р. Србија.

Види слики

Посета на Лесновскиот Манастир и на поклонение на моштите на светиот Гаврил Светогорец, Епископ Велички

На 31.12.2022 година, во посета на Лесновскиот Манастир и на поклонение на моштите на светиот Гаврил Светогорец, Епископ Велички, дојде Високо преподобниот Архимандрит на Хиландарскиот манастир на Света Гора, г. Методиј и јероѓаконот г. Нектариј, кои беа пригодно пречекани од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион и братството при Лесновскиот Манастир.

Види слики

Манастирска слава на манастирот “Свети Спиридон” во Злетово

На 25.12.2022 година, Недела 28 по Педесетница ( на св. Праотци), св. Спиридон Чудотворец, преп. Герман Алјаски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на Архиерејските намесници од Брегалничката Епархија и Протосингелот отец Исак, отслужи Света Архиерејска Литургија во женскиот манастир “Свети Спиридон Чудотворец” во Злетово, метох на Лесновскиот манастир. На крајот од Литургијата Митрополитот г. Иларион одржа содржајна беседа, го благослови и пресече празничниот леб, а верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова. На Многаја лета!!!

Види слики

Работна средба во Лесновскиот Манастир

На 23.12.2022 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, имаше работна средба со академските професори г-дин Ѓорѓи Поп Атанасов, г-дин Сашо Цветковски и г-дин Илија Велев, во Лесновскиот манастир, а по повод издавање Монографија за Лесновскиот манастир “Свети Гаврил Лесновски”.

Види слики

Чествување на Свети Николај, заштитник и патрон на градот Штип и Брегалничката Епархија

На 19. 12. 2022 година, на празникот на Свети Николај Мирликиски Чудотворец, кој е Заштитник и Патрон на градот Штип и Брегалничката Епархија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Неговото Преосвештенство Епископот Стобиски г. Јаков, во сослужение на свештеници од Брегалничката Епархија, отслужија Света Архиерејска Литургија во Соборниот Епархиски храм “Св. Николај” во Штип. Пригодна беседа одржа Епископот Стобиски г. Јаков. На светата литургија присуствуваше многуброен православен народ кој со искрена вера дојде да се помоли и поклони пред моштите на Светиот Николај Чудотворец кои беа донесени од манастирот Св. Гаврил Лесновски во Лесново на поклонение во Штип. По Светата Литургија, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Епископот Стобиски г. Јаков, заедно со Градоначалникот на Општина Штип г. Иван Јорданов, свештенослужителите и многубројниот православен народ, извршија Литија од Соборниот храм Св. Николај до Градскиот Плоштад во Штип, каде го благословија и пресекоа славскиот колач, по што надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион одржа пригодна беседа. Истотака свој говор имаше и Градоначалникот на Општина Штип г. Иван Јорданов кој на сите граѓани Им го честита Патронот и Заштитникот на градот Штип.

Види слики

Хиротонија на Архимандритот Петар за Епископ Топлички

На 18.12.2022 година, Недела 27-ма по Педесетница, преп. Нектариј Битолски; св. Сава Осветен, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, сослужуваше на Светата Архиерејска Литургија и Хиротонија на Високодостојниот Архимандрит Петар за Епископ Топлички и викар на Патријархот Српски, на Светата Архиерејска Литургија чиноначалствуваше Неговата Светост Патријархот Српски г. Порфириј во сослужение на повеќе Архиереи и свештенослужители, во храмот „Св. Сава“ во Белград – Р.Србија.

Види слики

Наречение на Архимандритот Петар за Епископ Топлички

На 17.12.2022 година, св. вмч-чка Варвара; св. Јован Дамаскин, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, сослужуваше во свеченото наречение на Високодостојниот Архимандрит Петар за Епископ Топлички и викар на Патријархот Српски, на чинот наречение чиноначалствуваше Неговата Светост Патријархот Српски г. Порфириј во сослужение на повеќе Архиереи и мноштво свештенослужители од СПЦ и МПЦ-ОА, во Соборниот храм „Св. Архангел Михаил“ во Белград – Р.Србија.

Види слики

Храмова слава на храмот “Свети вмч. Георгиј” во Кочани

На 09.12.2022 година, преп. Алимпиј Столпник, св. вмч. Георгиј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот “Свети вмч. Георгиј” во Кочани. На крајот од Литургијата Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб, а верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова. На Многаја лета!!!

Види слики

Прослава на Свети Климент Охридски во Скопје

На 08.12.2022 година, кога го прославуваме празникот на Свети Климент Охридски, заштитник на древната Охридска Архиепископија и Македонската Православна Црква, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион сослужуваше на Светата Архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Тетовско – гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско – осоговски г. Григориј, Митрополитот г. Јосиф, Епископот Хераклејски г. Климент и свештенослужители на МПЦ – ОА, во Соборниот храм “Свети Климент Охридски” во Скопје. На крајот од Литургијата, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Митрополитот Тетовско – гостиварски г. Јосиф, го благословија и пресекоа празничниот леб. На Многаја Лета!!!

Види слики

Прослава на патронот на македонската православна црква, Свети Климент Охридски

На 07.12.2022 година, во навечерието на празникот на Свети Климент Охридски, патрон и заштитник на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион чиноначалствуваше на Празничната Вечерна Богослужба во Соборниот Храм “Свети Климент Охридски” во Скопје, на која присуствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Митрополитот Тетовско – гостиварски г. Јосиф и Епископот Хераклејски г. Климент. По Празничната Вечерна Богослужба, Митрополитот Брегалнички г. Иларион присуствуваше и на Свечената Академија во Музејот на Македонската борба во Скопје, по повод црковно – државниот празник, Денот на Свети Климент Охридски.

Види слики

Чествување на патронатот на МПБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје

На 06.12.2022 год. започна прославата на патрониот празник на Македонската Православна Богословија „Свети Климент Охридски“ во Скопје. По тој повод беше отслужена Вечерна богослужба во храмот “св.Спас” во н.Драчево – Скопје. На Вечерната богослужба присуствуваа Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, ректорот на богословијата Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф, Епископот Стобиски г. Јаков и Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, кој чиноначалствуваше на Вечерната богослужба. По Вечерната богослужба, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во параклисот “Св. Климент Охридски” при Македонската Православна Богословијата, го благослови и пресече празничниот леб и се одржа свечена академија. На крајот пред присутните се обрати и ректорот Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

Види слики

Хиротонија на Архимандритот Алексеј за Епископ Хвостански

На 13.11.2022 година, Недела 22-ра по Педесетница, Св. ап. Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, сослужуваше на Светата Архиерејска Литургија и Хиротонија на Високодостојниот Архимандрит Алексеј за Епископ Хвостански и викар на Патријархот Српски, на Светата Архиерејска Литургија чиноначалствуваше Неговата Светост Патријархот Српски г. Порфириј во сослужение на повеќе Архиереи и свештенослужители, во храмот „Св. Сава“ во Белград – Р.Србија.

Види слики

Предвечерието на празникот на Светиот Арсениј Сремски и именденот на Неговото Преосвештенство Епископот Нишки г. Арсениј

На 09.11.2022 година, во предвечерието на празникот на Светиот Арсениј Сремски и именденот на Неговото Преосвештенство Епископот Нишки г. Арсениј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, на покана од Епископот на Нишката Епархија и Архиереј на СПЦ чиноначалствуваше на вечерната празнична богослужба во сослужение на свештенослужители на СПЦ во храмот ,, Слегување на Светиот Дух врз Апостолите” во градот Ниш, Р. Србија. На 10.11.2022 година Неговото Високопреосвештенство Митрополит Брегалнички г.Иларион во сослужение на Епископот Нишки г. Арсениј, Епископот Белоградчишки г. Поликарп, Епископот Стобиски г. Јаков, Епископот Тимочки г. Иларион, Епископот Осечко-полски и Барањски г. Херувим, Епископот Шабачки г. Јеротеј и голем број на свештенослужители, отслужија Света Архиерејска Литургија во храмот „Слегување на Светиот Дух врз Апостолите“ во градот Ниш, Р.Србија.

Види слики

Недела 25-та по Педесетница, Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста

На 04.12.2022 година,Недела 25-та по Педесетница ,Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, изврши освет на новопоставениот крст при параклисот посветен на светите Апостоли Петар и Павле во с.Стамен, делчевско.

Види слики

Недела 25-та по Педесетница кога Светата Православна Црква го празнува празникот Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста

На 04.12.2022 година, Недела 25-та по Педесетница , кога Светата Православна Црква го празнува празникот Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица “ во Делчево. На литургијата во чин протоереј го произведе ереј Никола Воиновски .На крајот од Литургијата, Митрополитот г. Иларион одржа содржајна беседа а верниците се причестија со Телото и Крвта Христови.

Види слики

Свечен прием „Таб Мак дооел“ – Пробиштип

На 02.12.2022 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион присуствуваше на Свечениот Прием по повод одбележувањето на 10 годишнината од работењето на фабриката „ТАБ МАК Д.О.О.Е.Л“ – Пробиштип, организиран во Кино – салата во Пробиштип.

Види слики

Јубилеј 10 години од осветувањето на манастирскиот храм “Св. вмч. Георгиј” во с. Ораовица – Радовиш

На 27.11.2022 година, Недела 24-та по Педесетница, св. ап. Филип, св. Григориј Палама, св. цар Јустинијан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј и свештенослужители од Повардарската, Кумановско-осоговската и Брегалничката Епархија, отслужија Света Архиерејска Литургија по повод јубилејот 10 години од осветувањето на манастирскиот храм “Св. вмч. Георгиј” во с. Ораовица – Радовишко. На крајот од Светата Литургија Митрополитот Повардарски г. Агатангел одржа содржајна беседа, говор одржа и ктиторот г. Николајчо Николов и даде Благодарници на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион и на многу други луѓе кои дале посебен придонес во градењето на манастирскиот комплекс “Св. вмч. Георгиј” во с. Ораовица. На многаја лета!!!

Види слики

На Свети Нектариј Егински во манастирот „Св. вмч. Пантелејмон“

На 22.11.2022 година, кога Светата Православна Црква го празнува празникот на преподобната Матрона, преподобен Јован Колов, свети Нектариј Егински и празникот на иконата на Пресвета Богородица „Брзопослушничк“ Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија во параклисот посветен на „Св. Нектариј Егински“ при манастирот Св. вмч. Пантелејмон во с. Пантелеј – Кочанско. На крајот од Литургијата, Митрополитот г. Иларион одржа содржајна беседа и го благослови и пресече празничниот леб.

Види слики

Храмова слава на храмот “Св. Архангел Михаил” во Виница

На 21.11.2022 година, кога Светата Православна Црква го празнува празникот Собор на Свети Архангел Михаил, св. Ангел Лерински, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот „Св. Архангел Михаил“ во Виница. На крајот од Литургијата, Митрополитот г. Иларион одржа содржајна беседа, изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб.

Види слики

Наречение на Архимандритот Алексеј за Епископ Хвостански

На 12.11.2022 година, св. ап. Клеопа и др.; св. мч-ци Зиновиј и Зиновија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, сослужуваше во свеченото наречение на Високодостојниот Архимандрит Алексеј за Епископ Хвостански и викар на Патријархот Српски, на чинот наречение чиноначалствуваше Неговата Светост Патријархот Српски г. Порфириј во сослужение на повеќе Архиереи и мноштво свештенослужители од СПЦ, во Соборниот храм „Св. Архангел Михаил“ во Белград – Р.Србија.

Види слики

Света Архиерејска Литургија во Ниш – Р. Србија

На 10.11.2022 година, на празникот на Светиот Арсениј Сремски и именденот на Неговото Преосвештенство Епископот Нишки г. Арсениј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на Епископот Нишки г. Арсениј, Епископот Белоградчишки г. Поликарп, Епископот Стобиски г. Јаков, Епископот Тимочки г. Иларион, Епископот Осечко-полски и Барањски г. Херувим, Епископот Шабачки г. Јеротеј и голем број на свештенослужители, отслужија Света Архиерејска Литургија во храмот „Слегување на Светиот Дух врз Апостолите“ во градот Ниш, Р.Србија.

Види слики

Празнична Вечерна богослужба во храмот „Слегување на Светиот Дух врз Апостолите“ во Ниш – Р.Србија

На 09.11.2022 година, во навечерието на празникот на Светиот Арсениј Сремски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, на покана од Епископот на Нишката Епархија г. Арсениј, Архиереј на СПЦ, чиноначалствуваше на Празничната Вечерна, во сослужение на свештенослужители од СПЦ, во храмот „Слегување на Светиот Дух врз Апостолите“ во градот Ниш, Р.Србија, а на крајот од вечерната го благослови и празничното петолебие.

Види слики

Именден на Митрополитот Брегалнички господин Иларион

На 03.11.2022 година кога го чествуваме споменот на преподобен Иларион Велики, св. Иларион Мегленски и преподобен Филотеј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија отслужи Света Архиерејска Литургија во Лесновскиот манастир. Од името на целото свештенство, ѓаконство, монашките братства и сестринства, како и од верниот народ и духовните чеда, на богодаруваниот ни Митрополит Брегалнички господин Иларион му го честитаме именденот со молитви кон Троединиот Бог да му дарува долгоденствие, телесно здравје и мудрост уште многу лета да раководи со од Бога доверената му епархија.

На многаја и благаја лета Владико свети!

Види слики

Недела 20-та по Педесетница во Македонска Каменица

На 30.10.2022 година, Недела 20-та по Педесетница, св. пр. Осиј, св. Андреј Критски, св. Лазар Четиридневен, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица. На крајот од Литургијата, Митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа содржајна беседа.

Види слики

Преподобна Параскева (Петка) Епиватска – Петковден во с.Тркање – Кочанско

На 27.10.2022 година, кога Светата Православна Црква прави спомен на Преподобната Параскева (Петка) Епиватска – Петковден,  Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот „Св. Николај“ во с. Тркање – Кочанско. На крајот од Литургијата, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и одржа содржајна беседа.

Види слики

Посета на Митрополитот Михаловско-кошички г. Георгиј од Православната Црква на Чешките земји и Словачка

На 11.11.2022 година, во поклоничка и братска посета на древната Света Лесновска обител и манастирскиот храм посветен на „Светиот Архангел Михаил“, допатува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Михаловско-кошички г. Георгиј, од Православната Црква на Чешките земји и Словачка. Митрополитот беше братски и свечено пречекан од надлежниот епархиски Архиереј, Митрополит Брегалнички г. Иларион и братството на Лесновската обител. Исто така Митрополитот слушајќи за богоугодниот и свет живот на Светиот Гаврил Светогорец Епископ Велички и за многубројните чуда кои се случуваат од неговите свети мошти, се поклони на нив, а надлежниот Митрополит г. Иларион му даде честичка од светите мошти на Митрополитот г. Георгиј.

Види слики

Храмова слава на храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Зрновци

На 08.11.2022 година, кога Светата Православна Црква прави спомен на Светиот Великомаченик Димитриј Солунски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Зрновци. На крајот од Литургијата, Митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа содржајна беседа, по што изврши мал водосвет, го благослови и пресече празничниот леб и изврши освет на новоизградените административни простории при самиот храм.

Види слики

Осветување на деловните простории на фирмата „Калина Дооел“ с.Оризари – Кочани

На 08.11.2022 година, кога Светата Православна Црква прави спомен на Светиот Великомаченик Димитриј Солунски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, ги освети деловните простории на фирмата „Калина Дооел“ во с.Оризари – Кочани, во сопственост на господинот Димитар Јорданов од с. Оризари, а по осветувањето го благослови празничниот леб, му го честита именденот на господинот Димитар Јорданов и му посака благословена и успешна работа.

Види слики

Манастирска слава во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ – Р. Србија

На 01.11.2022 година, Преподобен Прохор Пчињски, прен. мошти на св. Јован Рилски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, на покана од Епископот Врањски г. Пахомиј, Архиереј на СПЦ, чиноначалствуваше на Светата Архиерејска Литургија, по повод манастирската слава на манастирот „Св. Прохор Пчињски“ во Р. Србија, во сослужение на Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, Епископот Врањски г. Пахомиј и свештенослужители од СПЦ и МПЦ-ОА. На крајот од Литургијата, Митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа содржајна беседа и го благословија и пресекоа празничниот леб.

Види слики

Свети апостол и евангелист Лука во Виница

На 31.10.2022 година, кога Светата Православна Црква прави спомен на Светиот апостол и евангелист Лука, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и свештенослужители од МПЦ-ОА, отслужија Света Архиерејска Литургија во храмот „Свети апостол и евангелист Лука“ во Виница. На крајот од Литургијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел одржа содржајна беседа, по што извршија освет на административната зграда и крстилницата при храмот и извршија мал водосвет и го благословија и пресекоа празничниот леб.

Види слики

При параклисот посветен на Преподобна Параскева – Петковден, камен – темелник за изградба на нова хала, освет на новоизградената хала и славски колач при бензинската „ЕкоОил“ во с. Тркање – Кочани

На 27.10.2022 година, кога Светата Православна Црква прави спомен на Преподобната Параскева (Петка) Епиватска – Петковден,  Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, изврши освет на камен-темелник за изградба на нова хала, ја освети новоизградената хала при фирмата „Афенол“ во сопственост на г. Драгослав Здравков – Драги Ледер, и го благослови и пресече празничниот леб при параклисот посветен на Преподобната Параскева (Петка) – Петковден, кој се наоѓа на бензинската пумпа „ЕкоОил“ во с.Тркање – Кочанско и им го честита патрониот празник на сопственикот и вработените.

Види слики